Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Следната недела Северна Македонија и официјално 30. членка на НАТО

Спасовски: Следната недела Северна Македонија и официјално 30. членка на НАТО

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Северна Македонија денеска пристапува кон испраќање на документот за ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, откако тоа претходно го сторија сите земји-членки, најави денеска на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

-НАТО и формално нè извести дека сите сојузници завршиле со ратификација на протоколот за наше членство. Денес, пристапуваме кон испраќање на нашиот документ за ратификација за Вашингтон. Следната недела истиот ќе биде предаден во Вашингтон и со тоа Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО, истакна Спасовски.

-Ова се големи историски моменти. Исполнета е важна стратешка цел за стабилноста на државата и за безбедноста на сите граѓани, додаде Спасовски. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има, вели Талески

СДСМ: Апсењето на Нацев е задоцнето, со жртвено јагне ВМРО-ДПМНЕ сака да ги спаси актуелните функционери 

Поставени електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во Шар Планина