Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Завршена е реконструкцијата на 13 основни и средни училишта во вредност од речиси 70 милиони денари, а во тек е за уште осум основни и средни училишта во вредност од речиси 12 милиони денари, соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук-профил.
Како модел за сите идни и за реконструкција на постојните училишта, посочува Спасовски, е новото училиште „Киро Глигоров” во Центар кое беше изградено по најсовремени стандарди со квалитетни услови за настава, како и училиштето „Вера Јоциќ“ во општина Гази Баба. Во тек е и изградба на нов објект за основното училиште „Димитар Македонски” во Лисиче.
Во објавата на Фејсбук премиерот нагласува дека училиштата се основното скалило за здрави и напредни генерации и дека приоритет на Владата предводена од СДСМ е вложување во подобри услови за подобри училишни денови. хс/дма/