Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Преминот Белановце – Станчиќ е доказ за добрите односи меѓу Северна Македонија и Косово

Спасовски: Преминот Белановце – Станчиќ е доказ за добрите односи меѓу Северна Македонија и Косово
300x250 (7)

Пуштањето на граничниот премин Белановце – Станчиќ на 31 јануари е уште еден доказ и пробив напред на исклучително добрите односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски

„Граничниот премин Белановце – Станчиќ, во Општина Липково, беше успешна завршница и доказ за добрата волја и за исполнување на интересите на граѓаните од двете страни на границата на овој регион. Многу бргу граничниот премин ја потврди својата оправданост зашто во огромна мерка ја подобри меѓусебната комуникацијата на граѓаните на општините Липково и Гнилане. Преминот го олесни поврзувањето за развој на бизнис врските и за економски напредок на локалните заедници во овој регион каде што се поврзуваат Северна Македонија и Косово. За само два ипол месеци, односно од 31 јануари до 14 март годинава преку граничниот премин регистриран е влез и излез на вкупно 47.020 патници, што говори за исклучително оправдани причини за потребата од официјален граничен премин на овој дел од границата“, кажа Спасовски.

Ss1

Тој изрази жалење што заради мерките за справувањето со последиците од КОВИД-19, преминот беше затворен на 14 март и сѐ уште не е отворен за сообраќај.

„Сепак, во овој краток период и во сложени услови за работење заради пандемијата, и полициската станица за гранични проверки и граничен надзор спречи обид за шверц на поголема количина ресивери, откри едно лице барано за издржување на затворска казна, спречи обид за нелегално минување на државната граница на шест лица државјани на Северна Македонија, од кои две лица се спроведени во државен карантин, и спречи обид за пренесување на 33 лица илегални мигранти“, објасни премиерот Спасовски.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина! 

Мисајловски: Граѓаните масовно да излезат на гласање

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори