Утрински Весник
Македонија

Спасовски: По првомајските празници да започне процесот на враќање на животот во нормала

Се прави сериозен план за олеснување на мерките по 1 Мај

Скопје, 20 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски најави почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници.

– Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

Премиерот Спасовски пред два дена на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 „Ретроспектива: коронавирус МК“, информираше дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала. нд/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато