Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Повисоки плати во образованието и поврзување на сите основни училишта со ултра брз интеренет

Спасовски: Повисоки плати во образованието и поврзување на сите основни училишта со ултра брз интеренет

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево имаше средба со просветни работници во општината Бутел.

Тој ги истакна политиките на СДСМ и рече дека со новата развојна економија, како што се покачуваат минималната и просечната плата, ќе има покачувања на платите во сите области.

„Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваше просветните работници, од нив правеше гласачка машина, ги носеше на контра протести и ги обремени со милион административни процедури“, посочи Спасовски.

Тој и во новиот мандат најави големи вложувања во образованието и вистинска грижа за просветните работници и за учениците.

„Вложуваме во образованието. Со новата Програма предвидуваме поврзување на сите основни училишта со ултра брз интеренет, интерактивни училници, дигитализација и трасформација на наставната програма, што ги налага и актуелната здравствена ситуација со којашто се соочуваме“, најави претставникот на СДСМ.

Воедно дека следниот мандат на Владата ќе биде целосно посветен на економијата и кревање на животниот стандард на сите категории граѓани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Умереното консумирање кафе поврзанo со подобро ментално здравје

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство