Утрински Весник
Македонија

Спасовски повикува на почитување и солидарност по повод почетокот на рамазанскиот пост

Спасовски повикува на почитување и солидарност по повод почетокот на рамазанскиот пост
Dik 300x250 mk

Скопје, 23 април 2020 (МИА)Премиерот Оливер Спасовски, по повод светиот месец Рамазан, упати писмо до Исламската верска заедница и до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, и  до членовите на Ријасетот, како и до сите верници од исламската вероисповед во Република Северна Македонија.

-Во овие тешки моменти, кои на светско ниво ги донесе оваа пандемијата и здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, токму начелата на почитување и солидарност се понеопходни од кога и да било. Рамазанските празници се денови во кои се грижиме за другите, пред се за слабите и немоќните, како и за нашите највозрасни, кои претставуваат меморија и мудрост на нашата заедница, пишува премиерот Спасовски во честитката по повод почетокот на рамазанскиот пост, се наведува во писмото на премиерот.

Спасовски нагласува дека во светиот месец на постот, на соочувањето со искушенијата, преку одрекувањето и воздржувањето се покажува и највисока грижа за другите, и порачува дека годинава треба да се прифати дека рамазанските денови треба да се поминат во потесниот круг на семејството, и на тој начин да го заштитиме здравјето на нашите роднини, пријатели и соседи, но и нашето здравје.

-Во најблагородниот и најсреќниот месец  за муслиманите и во духот на љубовта, трпението, несебичноста и дарежливоста, да се справиме со предизвици и  да ублажиме последиците предизвикани од коронавирусот, вели во честитката по повод почетокот на рамазанскиот пост премиерот Спасовски, со желби деновите на рамазанскиот пост верниците да ги поминат во слога и спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила. бк/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мислел дека брат му сака да му го земе имотот, па го убил со тесла! Обвинение за хоророт во Кавадарци

Брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад ќе помине над Македонија – На високите планини ќе завее и снег

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре