Утрински Весник
Македонија

Спасовски, Османи и Филипче денеска во Куманово

Спасовски, Османи и Филипче денеска во Куманово

Куманово, 15 април 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб на Куманово ќе ја одржи својата 31 седница, денеска со почеток во 12 часот во кружната сала во зградата на поранешен Комитет.  

На седницата ќе присуствуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

По зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот во Куманово, тамошниот кризен штаб побара да се воведе четиринаесетдневен карантин со повеќе посебни мерки. Само вчера во Куманово беа регистрирани 25 новозаболени од Ковид-19.ам/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата