Утрински Весник
Македонија

Спасовски на фб: Голема благодарност за помошта од ЕУ, заедно ќе го победиме коронавирусот

Продолжување на забраната и посебниот режим на движење за Велигденските празници

Скопје, 26 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски преку статус на својот фејсбук профил изрази благодарност за помошта што ја добива земјава од ЕУ за справување со коронавирусот.

Денес, кога светот е соочен со глобалната пандемија, наведува Спасовски, ЕУ на најдобар можен начин ја покажува својата солидарност и покажува дека заедно можеме да се соочиме со овој предизвик и да го победиме.

-Голема благодарност за помошта која ја добиваме од Европската Унија, којашто е многу важна и суштинска во овие тешки времиња на заедничко справување со коронавирусот. Помошта од ЕУ во висина од 4 милиони евра е наменета за набавка на специјализирана медицинска опрема и заштитна медицинска опрема, а која вклучува респиратори, вискоквалитетни FFP2 заштитни маски, опрема за интензивна нега, тестови и друга неопходна медицинска опрема за зајакнување на капацитетите на нашето јавно здравство, наведува Спасовски.

Според него, со помош на ЕУ, нашите здравствени работници ќе добијат и ракавици, визири, заштитни наочари, маски и други заштитна опрема.

-Склучивме посебен договор со ЕУ за заеднички набавки на медицинска опрема, што ни овозможува побрзо и поефтино да ја набавуваме целата медицинска опрема која ни е потребна, и тоа под исти услови и според истите стандарди како и земјите членки на ЕУ. Како земја-партнер на ЕУ, преку инструментот за цивилна заштита на ЕУ, ни беа доставени генератори, шатори, ќебиња, јоги за кревети и средства за дезинфекција и одржување на хигиена. Освен тоа, треба да се подвлече дека ЕУ ни донираше и:
3 милиони евра за поддршка на буџетот,  9 милиони евра директна поддршка за мали и средни претпријатија, која ќе се операционализира во следните месеци, 40 милиони евра за мали и микро претпријатија и за мерки за активно вработување, кои ќе бидат на располагање по летото, како и
10 милиони евра за дополнителни медицински и итни потреби, доколку имаме потреба за тоа, пишува премиерот.

Потсетува и дека пред само неколку дена, на 22 април, Европската комисија им предложи на ЕУ Советот и на Европскиот парламент, да обезбедат макро-финансиска поддршка од 160 милиони евра за да имаме посилни финансиски капацитети за справување со последиците од коронавирусот.

-ЕУ и земјите членки на ЕУ се нашите наблиски партнери и поддржувачи, од независноста до денес. Денес, кога светот е соочен со глобалната пандемија, ЕУ на најдобар можен начин ја покажува својата солидарност и покажува дека заедно можеме да се соочиме со овој заеднички предизвик и да го победиме. Заради тоа, ЕУ ќе ја има нашата благодарност, но и посветеност во исполнувањето на институционалните стандарди на Унијата. Заедно ќе ја победиме опасноста од коронавирусот, ќе ги надминеме последиците, и ќе го забрзаме нашето интегрирање во Европската Унија. Ќе го направиме тоа, бидејќи е добро за сите граѓани на Северна Македонија. Бидејќи тоа е добро за ЕУ, истакнува премиерот Спасоовски во својот фејсбук статус. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип