Утрински Весник
Македонија

Спасовски на конференција во Австрија за борба против нелегалната миграција

Спасовски на конференција во Австрија за борба против нелегалната миграција

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска и утре ќе учествува на Министерската конференција на Платформата за заедничка координација за ефикасна борба против нелегалната миграција долж Источномедитеранската рута, која ќе се одржи во Хофбург-Виена во Австрија.

Спасовски ќе има обраќања на двете панел сесии, „Регионални и национални аспекти – предизвици и тековна ситуација“ и „Елементи на регионален механизам и партнерства за враќање“.

Конференцијата е во организација на Федералното Министерство за внатрешни работи на Република Австрија и Платформата за заедничка координација за ефикасна борба против нелегалната миграција долж Источномедитеранската рута воспоставена во јуни 2021 година во Прага, Чешка, заедно со министрите и претставниците од Западен Балкан, Салцбуршкиот форум, Данска, Германија, Грција, Швајцарија, а во присуство на Европската комисија, Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО), ФРОНТЕКС и Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ИЦМПД).

На маргините на конференцијата, Спасовски ќе оствари билатерална средба со Нотис Митараки, министер за миграција и азил на Елинската Република, а ќе се сретне и со Игор Џундев, шеф на постојаната мисија на Република Северна Македонија при ОБСЕ во Виена, како и со Кристин Шанер Бургенер, државен секретар за миграции на Швајцарија.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна