Утрински Весник
Македонија

Спасовски најави дека ќе ја преиспита работата на Чулев во МВР

Спасовски најави дека ќе ја преиспита работата на Чулев во МВР

Техничкиот премиер во актуелната Влада, предложен повторно за министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, давајќи отчет за деветмесечно работење на техничката Влада, најави преиспитување на работата на Наќе Чулев, кој беше технички министер за внатрешни работи.

Одговарајќи на новинарско прашање за смени и деградирања на полицајци, Спасовски рече дека решенија ќе ги носи преку дијалог.

„Не требаше да се случуваат ако сакаме полиција како што сакаме да имаме. Од моментот кога Парламентот ќе ја изгласа Владата ќе видам што е направено во овие 9 месеци. Како што водев дијалог и претходно, ќе седнеме и со вработените и синдикатите на разговори. Врвен приоритет е професионална полиција, полиција која ќе служи на граѓаните“, рече техничкиот премиер Спасовски.

Тој изрази посебна благодарност до полицијата, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување како и здравствените власти за успешно справување со кризата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

Регистрирани 27 пожари, активни шест, еден под контрола

Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект – евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз