Утрински Весник
Македонија

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од страна на Радоје Звицер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозно, како што посочија од партијата, е тоа што атентаторот на Вучиќ, Радоје Звицер е на списокот мафијаши и криминалци кому министерот Оливер Спасовски им издал легален македонски пасош, но под друго име во аферата „мафија“.

„Поминува една година, и виновни за оваа афера каде со македонски пасош се стекнале регионални и светски мафијаши, нема. Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши. Нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме. Ова покажува дека покрај срамот за Македонија кој го приредува Спасовски, тој е отворен заштитник на криминалот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Звицер е еден од водачите на кавачкиот клан, кој се товари за организирање и нарачување на повеќе убиства на територијата на Црна Гора и други земји.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено