Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Еден од приведените во пасошко имал контакт во ВМРО ДПМНЕ, очекувам ЈО да отвори случај

Oliver Spasovski 150120

„Како може да е точно дека ВМРО ДПМНЕ алармирале, па дали е можно преку ноќ, во неколку часови да завршите една ваква комплексна акција, да соберете толку докази… Имаше обид да се саботира акцијата и тоа е факт и за тој факт очекувам да реагира ЈО да видиме што е во позадина на нивниот јавен настап. Си имаат они логика зошто го направиле тоа. Едно од приведените лица имало контаки со опозицијата, имало и давање документи, може тоа да е причината. Во истрагата не може никој да изнесува детали надвор. Информациите упатуваат дека некој сепак добивал информации и се обидел да ја саботира акцијата.“- изјави министерот за внатреши работи, Оливер Спасовски, во вестите на Канал 5, зборувајќи за акцијата „Двојник“, во која беа приведени деветмина вработени во МВР, под сомнение дека издале над 200 фалсификувани пасоши.

„Таквите пасоши ги користеле криминални структури, затоа истрагата е проширена и надвор, затоа и Интерпол беше дел од целата операција. Акцијата е во тек веќе две години, и траеше се до моментот кога јавниот обвинител процени дека има доволно докази.“- дополни Спасовски.

Можете да прочитате

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората