Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Добро е пратениците да бидат на своите задачи

Спасовски: Велигден да го поминеме дома и да ги почитуваме мерките на Владата
Dik 300x250 mk

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски ја поддржа иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието со цел да одржи седница за да ги потврди одлуките на претседателот на државата за воведување вонредна состојба поради Ковид-19.

Спасовски во „Утрински брифинг“ го повтори ставот дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието

-Јас го кажав мојот став и неколку пати досега. Сметам дека и се уште сметам дека Собранието може да се состане заради тоа и според Изборниот законик и според Законот за Собранието пратениците имаат мандат се до изборот на новите пратеници. Ние како техничка Влада посакувавме да имаме Законодавен дом којшто ќе функционира. Ние се наоѓавме во состојба на распишани избори, немаме Парламент, ни се случи здравствената криза. Едноставно сметавме дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието, рече Спасовски. ев/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Коста Јаневски, еден од основачите на радиото „Антена 5“

Кашиковски: Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски