Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Да ги почитуваме сите мерки за да се заштитиме

Спасовски: Да ги почитуваме сите мерки за да се заштитиме

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска ги повика граѓаните и покрај намалување на рестрикциите на движењето тие да ги почитуваат препораките и мерките за да се заштитат.

-Се намалуваат рестрикциите на движењето, но за да се заштитиме мора да останеме внимателни и да ги почитуваме сите мерки. Секој работен ден, од понеделник до петок дозволено e движење на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. За лицата над 67 години дозволено е движење од 05:00 наутро до 12:00, а за младите лица до 18 години од 13:00 до 19:00 часот. Се намалуваат и рестрикциите за движење за време на викендите. Дозволено е движење во сабота до 15:00. За лицата над 67 години дозволено е движење од 05:00 до 11:00, а за младите до 18 години од 12:00 до 15:00, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

При секое излегување надвор, додава тој, строго да се придржуваме до мерките за лична заштита, затоа што на тој начин придонесуваме и за заштита на јавното здравје. Да бидеме одговорни, вели Спасовски, и да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавируисот. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика

Мотоциклист без дозвола усмрти човек на Кеј, судот го пушти дома