Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Датумот за изборите е завршена тема за Владата

Спасовски: Корона-кризата покажа дека институциите на системот функционираат добро

Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на фејсбук објави дел од интервјуто што треба да излезе во новиот број на „Фокус“ во кој посочува дека датумот на предвремените парламентарни избори е завршена тема за Владата.

-Датумот за изборите е завршена тема за Владата. Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент, со преодна Влада и со опозиција која е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен на сметка на кризата и на ризиците на кои се изложени граѓаните, напиша Спасовски на својот фејсбук профил. вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

Кривична пријава за полицаец кој во двор пукал со службен пиштол