Утрински Весник
Македонија

Спасовски даруваше крвна плазма за болните од Ковид-19

Спасовски даруваше крвна плазма за болните од Ковид-19

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку својот фејсбук профил информираше дека денеска дарувал крвна плазма за пациентите болни од Ковид-19.

„Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19. Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од Ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот“, напиша Спасовски на својот фејсбук-профил.

Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19.

Ги охрабрувам…

Posted by Oliver Spasovski on Понеделник, 29 март 2021

Спасовски објави дека е позитивен на Ковид-19 кон крајот на октомври минатата година, по што беше и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, поради висока температура.

Можете да прочитате

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”

Ладен бран кај нас: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници