Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Ги почнуваме преговорите со ЕУ, признание и верификација на успехот на нашите напори

Спасовски: Ги почнуваме преговорите со ЕУ, признание и верификација на успехот на нашите напори

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Веста од Брисел за почнување преговори за членство во ЕУ е верификација на успехот на нашите напори, крај на нашето чекање од 15 години по добивање на кандидатскиот статус за членство во ЕУ и признание за постигнатите резултати.

Ова го истакна премиерот Оливер Спасовски на задничката прес-конфернеција во Владата со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Во исклучително тежок момент за нашата држава, за Европа и целиот свет денеска од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест. Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ. Советот се усогласи дека нашата држава треба во најбрз можен рок да ги почне преговоирте за членство, истакна премиерот.

Според него, тоа е верификација за успехот на напорите, за истарјноста, за капацитетите и политичката волја на институциите, Собранието, Владата и судството, да ги спроведат реформите поставени како наша цел уште од 2017 година.

Додаде дека Владата дополнително по барање на Европскиот совет  во јуни 2017 година ги покрена сите механизми да  ги затвори реформските процеси во четири главни области – судството и владење на правото, реформа за разузнавачките служби, реформа во јавната администрација и борба против криминалот и корупцијата.

-Постигнавме завидни резулати во овие области. Тоа беше верификувано во извеаштаите секоја година, а од денес тоа го верификуваа едногласно и членките на ЕУ. Денешото признание за подвигот на нашата држава е резултат на тешките политички одлуки што ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието за решавање на долгогодишни спорови со нашите соседи Грција и Бугарија. Без Договорот од Преспа и Договорот за добрососоедство и пријателство со Бугарија немаше да биде овозможен овој денешен успех, истакна Спасовски.

Оцени дека овој успех е крај на нашето чекање од 15 годни откако го добивме кандидатскиот статус за членство во ЕУ.

Денеска, потенцира премиерот, може да бидеме горди зашто чекањето заврши, успешните реформи ја кренаа бариерата, патот ни е отворен  единствената насока на тој пат е само напред.

– Стигнавме до точката од која јасно се гледа дека нашата перспектива е во ЕУ. Тоа е точка од која враќање назад нема. Му се допаѓало тоа на некого или не. Тоа е нашата победа. Стануваме држава која преговара за членство во ЕУ и која во наредниот период ќе мора да минува низ транспфрмација на државата и општество низ која поминаа сите држави членки, рече Спасовски.

Премиерот посочи дека ова е повеќе од заслужен успех. – Ова е признание што требаше да го добиеме и порано. Со оваа одлука се исправа стратегиската грешка во октомври 2019 година кога не се постигна консензус за  одлуката која денеска е усогласена. Да се радуваме сите на овој успех, да се радуваат сите политички парии, сите етнички заедници, да  се радуваме денес и во иситот момент да се вратиме во реалноста и да продолжиме со уште една битка, битката со короната. Ќе победиме и во таа борба. Сега како никогаш досега ни треба сплотеност и дисциплина, да го победиме невидливиот, а толку присутен за да се вратиме на нашта политичка битка, на еден долг и тежок преговарачки процес, за кој ќе ни требаат  бројни промени и приспособувања на европските стандарди, но и на европскиот квалитет на живот, порача премерот Оливер Спасовски.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина