Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Во врска со пожарите приведени се 17 лица

Спасовски: Во врска со пожарите приведени се 17 лица

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи посочи дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе. Затоа, според него, мора да има посериозна одговорност.

„Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Се уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци“, истакна Спасовски.

Постапката, како што наведува министерот, се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.

Можете да прочитате

Освежување во врвот на СДСМ, избрани нови членови на ЦО и ИО

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

СДСМ: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија