Утрински Весник
Спорт

Спалети: Елмас е феномен

Спалети: Елмас е феномен
Dik 300x250 mk

Новиот тренер на Наполи, Лучано Спалети, не крие дека е исклучително задоволен од македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Според Спалети, Елмас е „феномен кој не може секој да го разбере“.

„Има премногу карактеристики, затоа не можете да го разберете Елмас. Може да го користите на многу позиции“, им рекол Спалети на новинарите, на прес конференцијата во клупскиот тренинг камп.

„Наполи има нешто исклучително, кога ќе ги погледнете карактеристиките и квалитетите на Елмас. Ќе биде важен играч за нас. Точно знам каде ќе го користам. Тој е феномен“, дополниле искусниот тренер.

> Спалети: Елмас е феномен <

Можете да прочитате

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика