Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Со Уредба од Владата стопирана исплата на паушали и надоместоци

Со Уредба од Владата стопирана исплата на паушали и надоместоци
Img 7972

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Владата денеска усвои Уредбата со која се уредува ограничување на правото на исплата на паричните паушали на извршните членови на Одборите на директори, паричните надоместоци на претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа и претседателите и членовите на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од Владата и органите на единиците на локалната власт, кои се истовремено вработени за времетраење на вонредната состојба.

-Според Уредбата, на овие лица, заклучно со декември 2020 година не им се исплаќаат парични надоместоци, како и надоместоци за патни и други материјални трошоци.Уредбата не се однесува на лица кои на денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување, соопшти владината прес-служба.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива