Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Со скромна свеченост одбележана 77-годишнината од Денот Д

Со скромна свеченост одбележана 77-годишнината од Денот Д
300x250 opst2

Втора година по ред, изостана голема церемонија за одбележување на Денот Д, односно 77-годишнината од сојузничкиот десант во францускиот регион Нормандија, со цел да и се помогне на Европа да се ослободи од нацистите.

Причината за неодржувањето на голем собир, на кој годишно обично присуствуваат по неколку илјади луѓе, секако е пандемијата од Ковид-19, која спречи американски, британски и ветерани од други сојузнички земји да дојдат во Нормандија.

Сепак, имаше скромно одбележување – денешната комеморација започна со мала церемонија на мостот Пегаз над Канскиот канал, каде во раните утрински часови на 6 јуни 1944 година, едрилици истовариле 181 војник од единиците на Оксфордшир и Бакингемшир, пренесе „Гардијан“.

Во деснатот учествувале околу 150 000 војници, меѓу кои имало и војници од САД, Канада и Велика Британија.

Сојузничката операција во Нормандија, позната и како „Оверлорд“, е најголемата десантна акција во поморската воена историја.

Повеќе од 80.000 Британци, Американци, Канаѓани и војници на Комонвелтот се истовариле на пет плажи во Нормандија, додека други 24.300 војници под британска команда пристигнале по воздушен пат.

Во акцијата биле убиени, ранети или се водат исчезнати 4.300 сојузнички војници.

Освојувањето на два локални моста одиграло клучна улога во спречувањето на германските нацистички контранапади, по сојузничката инвазија на брегот.

Битката за Нормандија траела уште два месеци, завршувајќи со ослободување на Париз на 25 август и конечно германското повлекување преку реката Сена на 30 август 1944 година, со што на сојузниците им се отворил патот кон Германија.

Можете да прочитате

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ