Утрински Весник
Спорт

Со промашените пенали влезе во историјата на Реал

Со промашените пенали влезе во историјата на Реал

Реал Мадрид по победата во Памплона стави рака на шампионскиот пехар. Реал ја победи Осасуна со 3:1. Натпреварот го обележа голманот на Осасуна Серхио Ерера.

Ерара успеа во интервал од седум минути да му одбрани два пенали на Карим Бензема. Најдобриот стрелец во Примера, два пати шутираше во истата страна, Ерера два пати го прочита.

Бензема стана првиот играч во историјата на реал кој во Примера на еден натпревар не реализирал два пенали и воедно втор по Раул Тамудо во сезоната 2005/06, кој не реализираше две најстроги казни на натпреварот Еспањол-Бетис.

> Со промашените пенали влезе во историјата на Реал <

Можете да прочитате

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид