Утрински Весник
Економија

Со олеснување на санкциите кон Венецуела, Бајден би ја изолирал Русија и би го зголемил производството на нафта

Со олеснување на санкциите кон Венецуела, Бајден би ја изолирал Русија и би го зголемил производството на нафта

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува за ублажување на санкциите кон Венецуела за да може земјата да почне да произведува повеќе нафта и да ја продава на меѓународниот пазар, тврди извор на Си-Ен-Ен.

Овој потег ќе има за цел да ја намали глобалната зависност од руската нафта поради руската инвазија на Украина и да ја изолира Русија од еден од нејзините клучни сојузници во Јужна Америка, рече изворот.

Претставници на администрацијата на Бајден, вклучително и директорот на Советот за национална безбедност на западната хемисфера, Хуан Гонзалес и специјалниот пратеник на американскиот претседател за прашања на заложниците, Роџер Карстенс, беа испратени во Каракас во текот на викендот за да разговараат за ова прашање.

Покрај тоа, ќе се зборува и за американските државјани кои моментално се во притвор во земјата.

Да потсетиме, Вашингтон воведе санкции за венецуелската нафта во 2019 година и ја затвори својата амбасада во Каракас откако ја сметаше за лажна победата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на изборите во 2018 година.

Можете да прочитате

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември