Утрински Весник
Македонија

Со намален капацитет се трага по Мартин Јовановски кој исчезна во Егејското море

Потрагата по Мартин Јовановски, третиот Македонец по кој се трага на Халкидики, трае. Неговиот брат, Горан, посочува дека потрагата е со значително намален капацитет на луѓе и ресурси. Ова е петти ден од исчезнувањето на Мартин. Семејството се наоѓа во Грција и оттаму бара помош.

dobivaj vesti na viber

„Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сеуште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајте ме. Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика“, напиша брат му на исчезнатиот Мартин.

Ова е второ обраќање во јавност на семејството Јовановски по исчезнувањето на Мартин. Тие и вчера апелираа да се продолжи со потрага, бидејќи веруваат дека Мартин е жив.

Братот на Мартин вели дека овие моменти се исклучително тешки за неговото семејство и додава: „Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин“.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна