Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Со корона на работа – Франција им дозволи на заразените лекари да работат

Со корона на работа – Франција им дозволи на заразените лекари да работат
Img 7972

Франција им дозволи на здравствените работници кои се заразени со корона вирусот, но имаат само некои или речиси никакви симптоми, да продолжат да ги лекуваат пациентите, наместо да бидат во изолација.

Според агенцијата АП, ова е вонредна мерка која има за цел да го ублажи недостатокот на персонал во болниците и другите медицински установи предизвикан од невиденото разгорување на инфекцијата.

Посебно ослободување од правилата за карантин се воведува за вработените во болниците, домовите за стари лица, лекарските ординации и другите основни здравствени установи.

Надвор од здравствениот сектор, за лицата кои не се опфатени со посебното ослободување, француските правила за карантин бараат најмалку пет дена самоизолација за целосно вакцинирани лица кои се позитивни на тестот.

Во упатствата на француското Министерство за здравство се наведува дека, каде што е можно, заразените работници не смеат да бидат во контакт со невакцинирани пациенти или оние кои се изложени на поголем ризик од тешки симптоми на Ковид.

Можете да прочитате

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва