Утрински Весник
Свет

Со коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Во Италија речиси 6.000 новозаразени, итно се воведуваат нови мерки

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени со коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info. Се повеќе неповолни епидемиолошки податоци доаѓаат од бројни европски земји и земји во регионот.

Во Италија, во последните 24 часа се потврдени 21.994 случаи на инфекција со коронавирус, Франција има 33.417, Велика Британија 22.885, а дневниот рекорд го постави Грција вчера, пренесуваат агенциите.

Податоците на италијанското Министерство за здравство покажуваат дека инфекцијата е потврдена кај 21 994 лица во последните 24 часа, што е најголема на дневна основа од февруари.Досега, инфекцијата со коронавирус е потврдена кај 564.778 лица во таа земја.Има 255.090 случаи на инфекција, 1.411 лица се на одделот за интензивна нега, а потврдени се 221 смртни случаи во последните 24 часа.Бројот на смртни случаи на дневна основа надмина 200 за прв пат од 15 мај.

Шефот на Врховниот институт за здравство на Италија, Силвио Брусаферо, го посочи зголемувањето на бројот на заразени меѓу постарата популација и предложи младите да обрнат посебно внимание за да ги заштитат старите лица.Најпогодена област останува Ломбардија, која објави 5.035 нови случаи, а јужниот регион Кампанија е втората најпогодена област во Италија, со пријавени 2.761 нови случаи.

Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 523 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи од 22 април, објави француското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.

Велика Британија има 367 смртни случаи, а во текот на првата недела од затворањето на 30 март, имаше најголем број – 374 смртни случаи.

Грција бележи дневен рекорд од 1.259 потврдени инфекции, а министерот за образование е позитивен на коронавирус.Бројот на инфекции во Грција расте од почетокот на октомври, а полицискиот час е во сила во Атина и Солун.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење