Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Со концепцијата ќе се намали образовниот јаз кај заедниците, велат од МОН по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Dik 300x250 mk

Денес светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари воспоставен од Обединетите Нации и УНЕСКО а во насока на промоција, негување и афирмација на сите јазици што ги користат народите во светот и за поддршка на имплементацијата на стратегиите и политиките во полза на различноста на јазиците во сите делови на светот.

Од Министерството за образование и наука упатија честитка по повод одбележувањето, укажувајќи дека нивните политики се во насока на изградба на граѓанско општество, почитувајќи го правото на говорење и изучување на мајчиниот јазик и култура на сите заедници во земјата.

„Со новата концепција за основно образование ќе се намали образовниот јаз кај помалкубројните заедници во државата бидејќи за првпат наставниците ќе имаат можност за избор на материјали за учење, кои сега не се достапни на сите наставни јазици. На овој начин обезбедуваме настава достапна на секое дете на мајчиниот јазик што е основен предуслов за поголема вклученост во образовниот процес и општеството. Освен почитувањето на мајчиниот јазик, новата концепција предвидува и јакнење на мултикултурализмот, недискиминацијата и родовата еднаквост кои се основните вредности на секое современо и демократско општество“, велат од МОН.

Оттука наведуваат дека Концептот на разноличност во Република Северна Македонија треба да се прифати како мост помеѓу различните етнички заедници во земјата во постигнувањето еднакво општество и можности за сите граѓани во нашата држава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива