Утрински Весник
Македонија

Со ковид-19 во болниците во земјава лежат 1.238 пациенти

Со ковид-19 во болниците во земјава лежат 1.238 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, и вкупно 470 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, сопшти Министерствто за здравство. Голем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.238 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, нагласува министерството за здравство, известувајќи дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Рекорден број на итни повици на 112, примени 4199 повици за еден ден

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се сити на пожарите, шири политички хаос и прави политички маркетинг