Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Со кампања ќе се подига свеста на граѓаните за почитување на мерките за време на празниците

Со кампања ќе се подига свеста на граѓаните за почитување на мерките за време на празниците
300x250 opst2

Министерството за здравство и Владата од денеска почнуваат со кампања „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

„Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на Ковид-19. Министерството за здравство уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени токму поради славењето во затворен простор во големи број, се вели во соопштението.

„На сите треба да ни е јасно дека во претстојниот период носиме одговорност за своето, но и здравјето и животите на најблиските. Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките што се изречени се следните: се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи, се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица, се забранува групирање во паркови и на други јавни места на повеќе од 4 лица, граѓаните, доколку немаат потреба, да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени.
Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека – здравјето не“, се вели во апелот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка