Утрински Весник
Македонија

Со инспекциските контроли за наплата на данок на имот утврдени стотици непријавени имоти

Со инспекциските контроли за наплата на данок на имот утврдени стотици непријавени имоти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли.

Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, при што е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот.

„Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво“, велат од Град Скопје.

Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои се’ уште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

Можете да прочитате

Манасиевски: Мали Фрчко – новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Пијан возач удрил во полициско возило кај Дебар

Во Охридско Езеро поставена новогодишна подводна елка