Утрински Весник
Македонија

Со изградба на пешачка патека ќе се враќа стариот сјај на беровскиот кеј на река Брегалница

Со изградба на пешачка патека ќе се враќа стариот сјај на беровскиот кеј на река Брегалница

Берово, 8 мај 2020 (МИА) – Почна изградбата на пешачка патека и заштитна ограда покрај река Брегалница во Берово. Според надлежните во рамки на активностите предвидена е санација на кејските ѕидови и осветлување, на потегот од поранешниот хотел „Македонија“ до спојот со мостот на улицата „Велко Влаховиќ”.
– Кејот на река Брегалница во Берово, наскоро ќе блесне со сиот свој сјај. Истиот одново ќе биде изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место, каде што беровчани, од најмал до најстар, бележат голем број спомени, велат надлежните.
Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот „Заштита на жителите, долж две реки”.
– Станува збор за заеднички прекуграничен проект кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Бугатрија. Истиот е финансиран од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, посочуваат од општината.
Вредноста на договорот изнесува 172 илјади евра, а изведбата на градежните активности е предвидена да биде завршена за неколку месеци. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: „Галичка свадба” ја отсликува македонската народна традиција и култура

Али Ахмети се сретнал со албанскиот претседател

Пожарите околу Скопје не беа случајни, туку намерно планирана акција вели Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ