Утрински Весник
Македонија

Со електричен тротинет удрил во 63-годишна скопјанка и побегнал

Со електричен тротинет удрил во 63-годишна скопјанка и побегнал

Во скопската полиција вчера во утринските часови бил пријавен инцидент кој се случил на булеварот Партизански одреди, а го предизвикало засега непознато лице, кое управувало електричен тротинет.

Како што информираат од МВР, тротинетот удрил во пешак – 63-годишна жена од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.

Од ударот, жената се здобила со тешки повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски во Кочани ќе означи почеток на изградба на сообраќајни и водоводни проекти

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани