Утрински Весник
Македонија

Со ангажман на Министерството за земјоделство во Струмичко откупени 40 тони пролетна зелка

Со ангажман на Министерството за земјоделство во Струмичко откупени 40 тони пролетна зелка

Струмица, 21 април 2020 (МИА) – Со ангажман на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска од четири струмички села се откупени 40 тони пролетна зелка по цена од 8 до 10 денари за килограм, информираше Митко Караиванов, откупувач од Струмица.

– Зелката е откупена од земјоделци од селата Сарај, Муртино, Сачево и Просениково, вкупно 40 тони, односно по 10 тони од секое село. Зелката ја откупува компанија од Косово и истата е веднаш платена, додаде Караиванов.

Откупот треба да продолжи утре и во други населени места во Струмичко каде се произведува пролетна зелка. рт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч