Утрински Весник
Спорт

Со „Ал Рихла“ ќе се играат натпреварите во Катар

Со „Ал Рихла“ ќе се играат натпреварите во Катар

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), ја претстави топката со која ќе се играат натпреварите на Светското првенство во Катар.

„Ал Рихла“ е 14. мундијалска топка на компанијата „Адидас“.

„Лета побрзо од сите топки со кои се играа натпревари на претходните мундијали. Ги поддржува натпреварите со висок квалитет и интензитет во играта“, се наведува во описот на топката.

„Ал Рихла“ (на арпаски значи патување) е инспирирана од културата, архитектурата, култните чамци и знамето на Катар. Тоа е првата топка за Светското првенство направена исклучиво од мастила и лепила на база на вода.

Новата топка ќе биде јавно претставена од фудбалските легенди како Икер Касиљас и Кака, заедно со талентирани фудбалери од Катар, ОАЕ, Саудиска Арабија и Египет, а потоа „Ал Рихла“ ќе пропатува по светот и ќе обиколи десет градови, меѓу кои Дубаи, Токио, Мексико Сити и Њујорк .

Светското првенство е на програмата од 21 ноември до 18 декември.

> Со „Ал Рихла“ ќе се играат натпреварите во Катар <

Можете да прочитате

О’Саливен ја тужи Светската снукер организација, бара 12 милиони евра

Нестварен пресврт на Денвер во Далас, Индијана ја прекина победничката низа на Кливленд

Синер го доби првиот натпревар на Австралија Опен 2025