Утрински Весник
Македонија

Социјални пакети за самохрани родители од Карпош

Социјални пакети за самохрани родители од Карпош

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст – Карпош им подели хигиенски средства и продукти за одржување лична хигиена на 40 домаќинства кои се во социјален ризик.

-Станува збор за донација од компанијата „Саманта“ наменета за самохраните родители кои живеат на територија на општина Карпош. Локалната самоуправа самостојно, но и во соработка со приватниот сектор постојано води грижа за граѓаните кои се наоѓаат во потешка материјално- финансиска состојба, особено во периодот на владеење на коронавирусот. Општина Карпош во изминатиот период додели прехранбени продукти и средства за хигиена на околу 130 домаќинства кои живеат на нејзина територија, соопшти Општина Карпош.

Исто така, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општината им додели еднократна финансиска помош на 90 лица, меѓу кои 45 карпошани добија средства за лекување, а 45 добија парична помош затоа што се во социјален ризик.

Службите на локалната самоуправа постапиле врз основа на доставени барања од граѓаните кои биле адресирани до Општина Карпош и кои ги исполнуваат соодветните критериуми за да добијат еднократна социјална помош. хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!