Утрински Весник
Македонија

Социјалните мерки во фокусот на новата информативна видеосесија на Владата (во живо)

Регулатори од Западен Балкан ќе дебатираат во Франкфурт за осигурувањето
Dik 300x250 mk

 

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Владата денеска  повторно организира онлајн информативна видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори“, овојпат на тема за социјалните мерки и за најчесто поставуваните прашања во областа на социјалната заштита и правата од работен однос.

Целта е да се информираат граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со конкретните уредби донесени за корисниците на социјална заштита, лицата од неформалната економија и тие кои останале без приходи.

На прашањата, кои на повикот од Владата претходно се пратени на електронска адреса, а се однесуваат на оваа област, одговараат заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ.

Оваа практика за онлајн информирање на граѓаните за различни теми во врска со состојбата со КОВИИД-19 и за мерките за справување со последиците од пандемијата, Владата ја почна во средата, а прва тема на која беа давани одговори беше воведената мерка за ограничено движење. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Татко ја силувал малолетната ќерка

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел