Утрински Весник
Магазин

Софија Вергара и Џои Манганиело слават годишнина од брак

Софија Вергара и Џои Манганиело слават годишнина од брак

Холивудскиот пар Софија Вергара и Џои Манганиело во неделата ја прославија петтата годишнина од бракот, споделувајќи фотографии од раскошната свадбена забава во Палм Бич, Флорида.

„Среќна 5. годишница!!! @ joemanganiello ❤️❤️❤️you!“ sвездата на „Модерно семејство“ (48) напиша во описот на објавата. На една од фотогафиите се гледа како невестата и младоженецот ја сечат свадбената торта, а на друга како стојат пред олтарот за време на церемонијата.

Вергара има широка насмевка на лицето која зрачи со позитивна енергија додека ја сечат тортата.

„Среќна петта годишнина ми амор. Те сакам многу,“ напиша Џое во својата објава на Инстаграм.

Софија и Џое, кои беа во врска шест месеци пред свршувачката, се венчаа во Палм Бич, Флорида.

Бела бајка: На венчавката присуствуваа најблиските пријатели и семејството, а церемонијата за другите гости се одржа следниот ден.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Меркур влегува во Бик: Следуваат три недели посмирена комуникација

Крај на честото купување нов телефон: ЕУ воведува нови правила

Кога навистина почнуваме да изгледаме значително постари