Утрински Весник
Македонија

Сотирова: Извршен е надзор на Клиниката за нефрологија, нема забелешки

Сотирова: Извршен е надзор на Клиниката за нефрологија, нема забелешки

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Извршен е надзор, но не се пронајдени никакви забелешки во однос на информацијата дека наводно се препродавале медицинските ракавици од Клиниката за нефрологија, истакна денеска претседателката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова.

– ДСЗИ веднаш истиот ден излезе на терен и направи вонреден инспекциски надзор на Клиниката за нефрологија. Од областа на законите кои ги инспекторира ДСЗИ нема никакви забелешки, истакна Сотирова на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Таа додаде дека во моментот кога ДСЗИ отишол на Клиниката, таму менаџментот односно директорката веќе имала формирано пописна комисија и бил во тек вонреден попис на сите донирани или од Министертсвото за здравство повлечени средства за лична заштитна опрема.

Во врска со овој случај, како што посочи Сотирова, веќе е активно влезен и секторот од МВР, кој ќе продолжи и до крај ќе ја истражи постапката.бт/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши: Останувам во коалицијата „ВРЕДИ“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата

Воз удри во автомобил кај Зелениково, има и повредени