Утрински Весник
Македонија

Сотирова – Бухова: Јавноста треба да добие одговор за кластерот „Свадба“, каде се уште има само 14 позитивни и ниту еден контакт

Сотирова – Бухова: Јавноста треба да добие одговор за кластерот „Свадба“, каде се уште има само 14 позитивни и ниту еден контакт

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи (МВР) помага кога не можеме да доставиме одредени решенија, но сега веќе ќе мора тоа да се решава и на друг начин, а дали МВР постапува по однос на големите прашања Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и немора да добие одговор. Јавноста треба да добие одговор за случајот кластер „Свадба“, каде се уште има само 14 позитивни и ниту еден контакт, истакна директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова.

Посочи дека по веќе отворените кластери, како што се: „Мекици Охрид“ има 21 позитивен и повеќе од 100 контакти, „Куќна слава Ресен“ има 31 позитивен и повеќе од 70 контакти.

– За жал во овој период имавме и кластери погреби на Ковид позитивни кои по протокол не смеат да се изведуваат со повеќе од пет личности. ДСЗИ нема информации дали МВР постапува по овие кластери, додаде д-р Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашања по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска. рп/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кочани се буди: Време е за нов почеток со чест, љубов и одговорност

Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, велат од Онкологија

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство