Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Состојбата со коронавирусот во Србија не се смирува, најзагрозени се најстарите

Состојбата со коронавирусот во Србија не се смирува, најзагрозени се најстарите
300x250 opst2

Во епидемиолошката статистика за коронавирус во Србија и февруари започна со високи бројки. Гужвите во амбулантните возила и на ковид оделенијата не стивнуваат. Расте и бројот на новозаразени пациенти на кои им е потребен респиратор и болничко лекување но се зголемува и бројот на починати, анализираат српските медиуми. Според нив, најзагрозени се најстарите граѓани.

И покрај големиот број заразени со високо преносливиот сој на омикрон, европските земји, една по една земја ги менуваат правилата. Причина за ваквите одлуки е малиот број лица кои завршуваат во болница.

По Холандија, Велика Британија, Ирска и Данска и Норвешка ги укинува повеќето мерки, освен маската и растојанието.

Во Србија пак бројот на заразени со коронавирусот секојдневно расте, а капацитетот на црвените зони во болниците низ Србија е од 70 до 90 отсто, предупреди денеска државниот секретар во Министерството за здравство Предраг Саздановиќ и најави дека наскоро ќе биде донесена одлука за четврта доза на вакцина против коронавирус.

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас