Утрински Весник
Македонија

Состојбата на Талат Џафери е стабилна, велат од неговиот кабинет

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна

Состојбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери е стабилна, информираат од неговиот Кабинет.

Додаваат дека со оглед на интензивните активности што ги имал во текот на изборната кампања, по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување.

Од Кабинетот напоменуваат дека тој направил неколку тестови на Ковид-19 и сите биле негативни.

Џафери е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Според Уставот, тој треба да ја закаже конститутивната седница најдоцна до 4 август.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична