Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика во врска со случувањата во Авганистан

Состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика во врска со случувањата во Авганистан
300x250 opst2

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска се одржа состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика посветен на актуелните случувањата во Авганистан и потенцијалните импликации врз нашата држава и регионот.

На состанокот, што се одржа во рамки на стратешкиот проект на МНР – Рефлексија 2030, воведно обраќање имаше министерот Бујар Османи кој ги сподели своите размислувања на темата и резимираше околу улогата на Република Северна Македонија наспроти геополитичките поместувања во Авганистан и поширокиот регион.

„Случувањата во Авганистан, но и замрзнатите конфликти во регионот на ОБСЕ, укажуваат дека несигурноста и непредвидливоста преостануваат интегрално и предоминантно одбележје на меѓународното милје и безбедносна реалност и дека истите феномени ќе продолжат да ги диктираат глобалните политичко-безбедносни процеси. Република Северна Македонија како полноправна земја-членка на НАТО и иден претседавач со ОБСЕ, најголемата светска регионална безбедносна организација претставува сериозна алка во системот на колективна безбедност. Фактот дека сме проактивен актер во меѓународните односи ни овозможува да работиме на спроведување на нашата безбедносна агенда, но истовремено и на нашето позиционирање како одговорен актер во меѓународните односи. Денешниот настан е всушност дел од активностите кои ги преземаме во функција на зајакната приправност, стратешко антиципирање и адаптабилност во насока на навремено утврдување на политичките насоки на делување нa адекватен одговор”, изјави Османи.

На состанокот, членовите на Стратешкиот совет разменија ставови и понудија идеи за потребата од долготрајно стратешко планирање и оформување на механизми за менаџирање со потенцијалните засилени мигратски движења, градење на партнерства со сојузниците и во рамки на мултилатералните тела, исползување на механизмите на ЕУ и соодветните датабази од системот за азил и миграција, како и редовно следење на политиките на ЕУ и земјите членки во оваа област.

Можете да прочитате

Мицкоски најавува БРТ и големи инфраструктурни промени во Скопје

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс