Утрински Весник
Свет

Состанок на наркобосови во Мексико предизвика крвопролевање

По воена акција насочена кон состанок на газдите на мексиканските нарко картели, членовите на картелите почнале да се борат меѓу себе, дивеат и палат возила, предизвикувајќи хаос во државите Халиско и Гуанахуато, соопштија денеска локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека еден осомничен криминалец е убиен, а неколкумина уапсени по конфузијата и хаосот во Халиско и Гуанахуато, двете мексикански држави каде насилството е најизразено.

„Очигледно е организирана средба на две банди. „Дојдоа воени единици, што доведе до судири и апсење на нарко босовите присутни на состанокот“, изјави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор за новинарите, без да ги именува уапсените“ – пренесува порталот „Франс 24“.

Возилата биле оставени запалени за да ги блокираат патиштата во Халиско, дел од тактиката што ја користеа членовите на моќниот картел Нова генерација Халиско за да спречат апсење на неговите членови и пристигнување на воено или полициско засилување.

Инцидентите го натерале американскиот конзулат во Гвадалахара да издаде безбедносна тревога за американските граѓани кои живеат во областа, советувајќи ги да бараат безбедно засолниште.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран