Утрински Весник
Македонија

Состанок на кризниот штаб во Битола, ќе се разговара за надомест на штетите од земјотресот

Состанок на кризниот штаб во Битола, ќе се разговара за надомест на штетите од земјотресот

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, за денеска закажа состанок на општинскиот кризен штаб, на кој ќе стане збор за состојбата во Битола по вчерашните серија земјотреси.

„На седницата на Советот ќе биде предложена дополнителна точка за формирање на комисија за надомест на штетите од земјотресот“, напиша Коњановски на „Фејсбук“.

Тој синоќа излезе на терен со дел од кризниот штаб. Коњановски ги посети Итната помош и Противпожарната единица, како и делови од градот каде доминираат висококатници и има поголеми штети.

Серија земјотреси го погодија подрачјето околу македонско-грчката граница синоќа, од кои најсилниот беше 5,5 степени според Рихтер. Земјотресот ги вознемири битолчани, а голем дел од нив ноќта ја поминаа пред своите домови. Земјотресот се почувствува низ западниот дел од Македонија се’ до Скопје.

Можете да прочитате

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Во тек е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума