Утрински Весник
Спорт

Сопственикот на Удинезе: Бундеслигата започна на најлош можен начин

Сопственикот на Удинезе: Бундеслигата започна на најлош можен начин
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Удине, 19 мај 2020 (МИА) – Сопственикот на Удинезе, Џампаоло Поцо, го сподели своето мислење за продолжување на сезоната во германскиот шампионат по паузата поради пандемијата на коронавирус. По рестартирањето, се одигра едно коло.

– Тие започнаа на најлош начин и тоа го презентираат како успех. Ако ги погледнете повредите. Имаше осум во првите шест натпревари. Ова е доказ дека плаќате ако не се подготвите правилно. Ова е сè со само еден натпревар неделно. Кога ќе биде потребно да се зголемат на два, ќе биде потребен тим од 30 играчи да ја заврши сезоната, изјави Поцо.

Претходно, италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов указ за суспендирање на сите спортски настани и натпревари во земјата до 14 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов