Утрински Весник
Македонија

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски патници, а 7 успеаа да преживеат.

,,Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук.

 

Можете да прочитате

Летоци со повик за бојкот на изборите во скопски Чаир – „Ако си муслиман не гласај“

Прегазено дете во Велес: со тешки повреди пренесено во Скопје

Дерала: Верувам дека ќе имаме изборен ден кој ќе покаже дека македонското општество е зрело и тежнее кон демократија