Војводата од Единбург, принцот Филип, бил примен во болницата „Кинг Едвард Седми“ во Лондон вечерта во вторникот, потврди Бакингемската палата.
Бакингемската палата соопшти дека приемот во болница е „мерка на претпазливост и по совет на докторот на неговото кралско височество“ откако не се чувствувал добро.
„Војводата ќе остане во болница неколку дена на набљудување и одмор“, се наведува во соопштението.
„Дејли мејл“ тврди дека неговата болест не е поврзана со Ковид-19 и се подразбира дека одлуката за прием е донесена со „изобилство на претпазливост“, како што пишува весникот.
Премиерот Борис Џонсон беше прв во испраќањето најдобри желби до неговото кралско височество за брзо закрепнување, пренсуваат британските весници.
Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора и војводата од Единбург принцот Филип беа вакцинирани против коронавирусот на 9 јануари.
Војводата од Единбург ќе наполни 100 години на 10 јуни оваа година.