Утрински Весник
Свет

Сопругата на Нетанјаху во болница, неизвесно историското патување нa израелскиот премиер во Емиратите

Сопругата на Нетанјаху во болница, неизвесно историското патување нa израелскиот премиер во Емиратите

Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денес е хоспитализирана поради инфекција на слепо црево, што го доведува во прашање неговото историско патување на Обединетите Арапски Емирати пред изборите во Израел.

Официјално лице во канцеларијата на премиерот изјави дека Сара Нетанјаху се чувствува лошо и е пренесена во медицинскиот центар Хадаса, каде што ќе престојува неколку дена, пренесува АП.

ОАЕ се третата арапска држава по Египет и Јордан што во август воспоставија официјални дипломатски врски со Израел.

Посетата на ОАЕ, која беше одложена неколку пати поради пандемијата, требаше да ги зајакне новите дипломатски врски меѓу земјите од Блискиот Исток и да ги поттикне надежите за реизбор на израелскиот лидер на гласање за помалку од две недели.

Патувањето исто така може да му помогне на Нетанјаху да го сврти вниманието од претстојното судење за корупција и гневот поради економските последици од кризата со коронавирусот, според АП.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека го освоила градот Купјанск

Бела куќа: Трамп и Венс не се поканети на погребот на Дик Чејни во Вашингтон

СЗО отпушта над 1.200 вработени