Утрински Весник
Свет

Сопругата на Навални мора да плати казна поради учество на протест

Сопругата на Навални мора да плати казна поради учество на протест

Рускиот суд ја казни Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, со 20.000 руби (216 евра) за учество на вчерашниот неодобрен протест.

Илјадници луѓе протестираа низ цела Русија за време на викендот за поддршка на уапсениот опозициски лидер, објави „Ројтерс“.

Досега повеќе од 5.000 лица се уапсени низ целата земја, според ОВД Инфо – невладина организација што ги следи протестите, наведува агенцијата.

Jулија најпрво беше уапсена поради учество во неодобрен митинг за поддршка на нејзиниот сопруг, а потоа вечерта беше ослободена со обврска да се појави на суд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“