Утрински Весник
Македонија

Соопштение од Здружението на Хрватите во Македонија

Соопштение од Здружението на Хрватите во Македонија

30 мај 2020 

По објавувањето на информацијата во хрватските и македонските медиуми за вулгарни навреди што директорот на македонската агенција за филм Горјан Тозија јавно ги кажува и прокламира на социјалните мрежи каде премиерот на Хрватската влада Андреј Пленковиќ, владејачката ХДЗ партија, ги нарекува фашисти и членови на криминалниот клуб, ние како организација на Хрватите во Македонија очекувавме веднаш владата на Македонија јавно да го осуди овој говор на омраза и санкционира директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија.

Директорот на владината агенција за филм не само што не негираше и не се извини за тоа што со месеци ја навредуваше Владата на Република Хрватска и нејзиниот претседател во кој ги нарекува фашистите и член на криминален клуб, туку напротив, тој истото го потврди и напиша дека има право да го стори тоа, што преставува дрскост и говор на омраза

Ова не е само меѓународен скандал, туку и невиден случај во светот каде една влада толерира мешање во работите на друга држава – најсериозните навреди и говор на омраза. Покрај тоа, тоа го прави и на земјата и нејзиното раководство, кое го има претседателството со ЕУ и ја поддржува Македонија во патот кон ЕУ толку силно.

Не сакаме да веруваме дека Владата на Македонија преку игнорирањето на званична реакција и осуда кон Горјан Тозија стои зад ваквото мешање во внатрешните односи на друга држава – и самото што беше со Македонија и е кога и е најпотребно. Владата на РСМ мора да го стори тоа и затоа што, во спротивно, ги изложува сите нас, сите Македонци и македонските граѓани, да бидат прикажани во светот како оние што се враќаат Добро на Злото. И ние не сме и не сакаме да бидеме такви.

Со ова го повикуваме Претседателот на Македонија, во рамките на неговите овластувања и врз основа на уставната одговорност за репутацијата на Македонија во светот, да побара од Владата на Македонија да постапи и да го санкционира Горајан Тозија, но и сите оние кои и го дозволуваат овој срам за Македонија и рушење на одличните односи помеѓу Македонија и Хрватска.

Истовремено ја повикуваме Владата на Македонија да го разреши Горјан Тозија, и да испрати извинување и јасна порака до сите оние кои размислуваат како него дека ова не е политика, дека ова не е позиција и став на Владата на Македонија и јавно ќе ги санкционира сите оние кои имаат шират и прокламираат говор на омраза.

Здружение на Хрватите во Македонија 

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По пријава за семејно насилство, откриено автоматско оружје во Скопје, поведена истрага

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен

Тешка кражба во продажен објект во Струга